Дуел во Гостивар: Валбон Лимани (НАИ) против Невзат Бејта (ВЛЕН) – се „разгорува“ гостиварската изборна битка

5

Гостивар ќе добие еден од најинтересните изборни дуели на претстојните локални избори: кандидатот на Алијансата за Албанците – крилото на Арбен Таравари во рамки на Националната Алијанса за Интеграција (НАИ), Валбон Лимани, ќе се соочи со поранешниот градоначалник и долгогодишен функционер на ДУИ, Невзат Бејта, кој овојпат е кандидат на коалицијата ВЛЕН.

Лимани, поднесувајќи ја кандидатурата, изјави дека очекува фер избори и победа на коалицијата НАИ.
„Посакуваме фер и демократски избори и се надеваме дека овојпат ќе имаме избран градоначалник. Очекуваме подобар резултат и сите заедно компактно ќе ја прославиме победата“, рече Лимани.

Бејта, кој беше пречекан од поранешни директори и актуелниот министер за здравство, порача дека заедно со ВЛЕН ќе се обиде да го „спречи уништувањето“ на Гостивар.
„Голема благодарност до сите граѓани за поддршката. Во последните осум години градот е уништен и со оваа поддршка ќе го запреме уништувањето. Ќе бидеме обединети до големата победа на 11 јануари“, изјави Бејта.

Во меѓувреме, крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села – кое се повлече од НАИ – најверојатно нема да настапи со свој кандидат во Гостивар, но ќе има кандидат во Врапчиште.

„Според сите изгледи, ќе имаме сопствен кандидат во една од овие општини, најверојатно во Врапчиште“, изјави Села, додавајќи дека името ќе биде соопштено до утре, во согласност со роковите.

Makedonski