Системот „Безбеден град“ стартува од февруари – одложување за еден месец

16

Системот за автоматско санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ ќе започне со работа во февруари наредната година, потврди Министерството за внатрешни работи за „360 степени“. Почетокот е поместен за еден месец во однос на првично најавениот старт во јануари.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, неодамна посочи дека по почетокот на тест-периодот било утврдено дека одредени функционалности на системот мора да бидат унапредени, што довело до потребата од кратко одложување.

Според најавите на МВР, „Безбеден град“ во февруари ќе биде пуштен во употреба во Скопје, Тетово и Куманово, како и на делници од автопатските коридори 8 и 10.

Системот ќе работи со фиксни камери кои ќе регистрираат прекршоци како пречекорена брзина, минување на црвено светло и нерегистрирани возила. Дополнително, специјализирани полициски возила опремени со уреди за снимање ќе се движат низ градовите и ќе детектираат непрописно паркирање и други сообраќајни прекршоци.

Makedonski