Националниот парк Шар Планина стана дел од Мрежата Паркови на Динаридите
Националниот парк Шар Планина од денес официјално е членка на Мрежата Паркови на Динаридите – регионална организација што ги обединува заштитените планински подрачја од осум земји и брои вкупно 105 членки.
Приемот беше озваничен на Седмата меѓународна конференција на Парковите на Динаридите, одржана во Подгорица под мотото „Глобални и европски перспективи на заштитените подрачја во регионот“.
Од управата на Шар Планина истакнуваат дека ова членство претставува значајно признание и дополнителен поттик за унапредување на управувањето со заштитеното подрачје.
„Особено го истакнувам тоа што со колегите од соседните држави разменивме искуства, што говоревме за добрите и лошите моменти во управувањето со заштитените подрачја“, изјави Милорад Андријески од управата на паркот.