Христијан Мицкоски доби трет и последен мандат на чело на ВМРО-ДПМНЕ
Христијан Мицкоски и официјално доби нов четиригодишен мандат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот 18. партиски конгрес, кој се одржа во Кавадарци. Според статутот, ова ќе биде неговиот последен мандат на чело на партијата.
Претседателот на Изборната комисија, Зоранчо Јованчев, информира дека од вкупно 817 присутни делегати, гласале 804, и сите ја дале својата поддршка за Мицкоски, кој беше единствениот кандидат за претседателската функција.
Конгресот се одржа под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, а делегатите ги усвоија и двата клучни политички документи: Стратегијата 2025–2030 и Доктрината на партијата.