Повторно крах на Cloudflare, многу апликации и веб-страници се недостапни
Корисниците ширум светот денес се соочуваат со проблеми при пристап до голем број апликации и веб-страници поради сериозни потешкотии со Cloudflare – една од клучните компании за интернет инфраструктура. Од Cloudflare потврдија дека станува збор за „внатрешна деградација на услугата“, која предизвика глобални прекини и нестабилности.
Проблемите се толку обемни што дури и платформата Downdetector, која служи за следење на статусот на интернет услуги, периодично станува недостапна. Ова ја нагласува сериозноста на дефектот, бидејќи дури и алатките за следење на вакви ситуации се погодени од падот во инфраструктурата на Cloudflare.
Во моментов, нема временска проценка кога услугите ќе бидат целосно нормализирани.