Голем пожар во Старата скопска чаршија, пожарникарите на терен

17

Вечерва изби голем пожар во близина на угостителскиот објект „Пивница“ на Скопското Кале, пренесува порталот Glas.mk. Според првичните информации, гори објект лоциран веднаш до локалот, а пожарникарските екипи се на лице место и активно работат на локализирање на огнените пламени.

Во моментов нема пријавено повредени или жртви. Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати, а очекувањата се дека дополнителни информации ќе бидат соопштени по целосното ставање под контрола на ситуацијата.

Makedonski