Првпат „Голак Треил“ во Делчево – трка во чест на херојот Иле Гоцевски

8

Во организација на Еколошкото друштво „Голак“, денеска во Делчево ќе се одржи првото издание на спортскиот настан „Голак Треил“, кој комбинира планинско трчање и брзо одење низ живописните предели на планината Голак.

Настанот е посветен на прерано починатиот Иле Гоцевски, возач на Брза помош од Кочани, кој за време на трагичната несреќа возеше 11 пати до Скопје со цел да спаси што повеќе животи. Во негова чест, патеката на трката ќе биде долга 11 километри – симболично претставувајќи го неговиот пат на пожртвуваност и човечност.

„Со овој настан сакаме да го поттикнеме развојот на планинскиот туризам и да го ставиме Делчево и неговата околина на туристичката мапа на Македонија. Источниот дел на земјата има огромен потенцијал кој сè уште е недоволно искористен. Веруваме дека преку вакви иницијативи ќе придонесеме за економски и туристички развој на регионот,“ велат организаторите.

Makedonski