ЦУК: Евидентирани 12 пожари на отворено
Центарот за управување со кризи известува дека на територијата на Македонија во последното деноноќие евидентирани 12 пожари на отворено од кои:
- 6 активни пожари
 - 3 пожари под контрола
 - 3 изгаснати пожари
 
Активни пожари:
- село Нивичино (Готен и Малешевски планини) каде што е и најсериозна ситуацијата
 - Бешиште (прилепско) крак кон с. Градешница и друг кон границата со Р. Грција (мешана шума)
 - активен крак кон с. Дрен; делот помеѓу Царевиќ и Смолани е под контрола (мешана шума и ниска вегетација)
 - Македонски Брод – меѓу с. Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
 - Штип – меѓу с. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева)
 - Желино – меѓу с. Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)