Шест романи остануваат во трка за наградата „Роман на годината“

1

Насловот на романот што годинава ќе ja понесе титулата „Роман на годината“ ќе биде познат во петок, на 13 март. Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ во просториите на Друштвото на писателите на Македонија во Скопје, има закажано прес-конференција на кое ќе биде соопштено името на авторот и на добитничкиот роман.

Наградата „Роман на годината“, која годинава се доделува по 27-ми пат, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари. Генерален покровител на наградата е Комерцијална банка и од Министерството за култура и туризам.

На годинашниот конкурс биле пристигнати 46 романи, а жири-комисијата во состав: Калина Малеска минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито, Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и Катерина Богоева претставничка на Фондацијата, по направени неколку селекции одбрале шест романи кои влегле во најтесниот избор.

Александар јава на запад“ од Венко Андоновски, „Необјавен фељтон“ од Владимир Илиевски, „Кривата Дијана: (роман за верижната вина)“ од Фросина Пармаковска, „Фобос: деконструиран роман“ од Соња Станковска, „Три Марии: (роман – басма)“ од Оливера Ќорвезироска, и „Повратник со две лица“ од Ивица Челиковиќ, се шесте романи за оваа година кои влеегоа во најтесниот избор.

Минатогодишен лауреат беше романот „Светот што го избрав“ на Калина Малеска.

Македонски