Делови од Центар и Карпош денеска без струја: Еве кои улици се опфатени

7

Делови од скопските општини Центар и Карпош денеска ќе останат без напојување со електрична енергија поради закажани технички зафати во дистрибутивната мрежа, информираат надлежните служби.

Во Општина Центар, прекинот ќе трае осум часа, во периодот од 08:00 до 16:00 часот. Без електрична енергија ќе останат корисниците лоцирани на следните улици:

  • „Мирослав Крлежа“
  • „Наум Наумовски Борче“
  • „Антоние Грубишиќ“
  • „Орце Николов“

Во Општина Карпош, прекинот во снабдувањето е најавен во временскиот интервал од 09:00 до 14:00 часот. Опфатени ќе бидат дел од корисниците на улицата:

  • „Миле Поп Јорданов“ (поточно во околината на хотелот „Гранит“)
Македонски