Евакуацијата напредува: Владиниот авион денеска ги враќа македонските државјани од Израел
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека заклучно со денес се евидентирани вкупно 646 македонски државјани кои побарале помош од амбасадите во Абу Даби и Доха. Лицата кои изразија подготвеност за евакуација од Израел денеска попладне со владиниот авион ќе полетаат кон Скопје, со што целосно ќе се заокружи процесот на враќање на сите граѓани кои побараа извлекување од таа земја.
Преглед на евидентирани државјани
Според податоците на МНР, бројот на македонски државјани кои контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва е следниов:
Амбасада во Абу Даби – 505 лица:
- ОАЕ: 458 лица
- Кувајт: 31 лице
- Бахреин: 14 лица
Амбасада во Доха:
- Катар: 141 лице
Израел – евакуацијата се заокружува денеска
Македонските државјани кои изразија подготвеност за евакуација од Израел се очекува денеска во попладневните часови да полетаат кон Скопје со владиниот авион. Со тоа целосно ќе се заврши процесот на враќање на сите граѓани кои побараа извлекување од оваа земја.
Наредни чекори – враќање од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт
Во следните денови се очекува да започне враќањето на македонските државјани од Обединетите Арапски Емирати, како и на граѓаните кои се наоѓаат во Катар, Бахреин и Кувајт. За нив е предвидено враќање со организирани летови преку Кралството Саудиска Арабија.
Процесот на евакуација се реализира согласно веќе разработен план, во согласност со безбедносните услови и во координација со надлежните институции.
Апел до граѓаните
МНР уште еднаш ги повикува сите македонски државјани кои сè уште не стапиле во контакт со надлежните претставништва, а имаат потреба од помош, да го сторат тоа во најкраток можен рок преку дежурните телефонски броеви или преку СОС-бројот на Министерството.
„Министерството останува во постојана комуникација и целосно на располагање на граѓаните, со приоритетна цел – нивно безбедно и навремено враќање”, стои во соопштението.