Совет за безбедност: Македонија не е изложена на нестабилност – институциите ја следат состојбата

5

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по завршувањето на седницата на Советот за безбедност истакна дека Македонија не е изложена на нестабилност и дека нема непосредна опасност за безбедноста ниту во земјата, ниту во регионот. На седницата присуствуваа највисоките државни и безбедносни функционери.

„Постои функционирачки систем за предупредување”

Претседателката Сиљановска-Давкова нагласи дека надлежните институции континуирано ја следат состојбата и дека постои функционирачки систем за предупредување. Таа додаде дека координацијата се одвива и со органите во соседните земји.

„Институциите ќе продолжат да ја следат состојбата. Се координираме и со органите во соседните земји и ќе ги споделуваме релевантните информации”, истакна претседателката, додавајќи дека државата е подготвена да реагира на сите можни предизвици.

Македонски