СДС е потписник на партизацијата во Македонија, да ги информираме Развојната банка сега ја води докажан професионалец во областа

16

СДС на Венко Филипче и неговиот другар Зоран Заев е потписник на стратегијата партизација на се можно во државата, од стручна служба па се до високи раководни функции.

СДС најде да зборува за партизација и некомпетентност на кадри.

Да ги информираме во СДС за што станува збор кога е во прашање актуелното раководството на Развојната банка во државава.

Сега на чело на Развојната банка е кадар кој е докажан професионалец во областа на развојното банкарство.

Кога станува збор за образованието, Ефимија Димовска е и стипендист и најуспешен постдипломец во генерацијата на еден од највисоко рангираните американски универзитети – Питсбург Универзитетот. Таа е доктор на економски науки и универзитетски професор со забележителни истражувања фокусирани на финансирањето на малите бизниси. Дополнително Димовска е ангажирана и како консултант од Европската Комисија за анализи на финансискиот сектор во земјите од регионот.

Кој е Кире Наумов доскорешен директор на Развојната банка? Истакнат кадар на СДС кој својата кариера ја започнува во Агенцијата за трансформација на претпријатијата со општествен капитал позната како Агенција за приватизација во Македонија, поточно институција позната по катастрофалната приватизација. Наумов освен неговата партиска агенда во државните институции нема направено ништо. Дека е само партиски кадар говорат и неговите функции  во време на СДС, советник за економски прашања на претседател на влада, советник за економски прашања на претседател на државава, дополнителен заменик- министер за финансии и заменик на министерот за економија.

Дополнително Наумов во последно време беше познат единствено по неговото неработење и блокирање на активностите на Развојната банка, причина за разрешување од прв човек на Развојната банка.

Ова се фактите. Нека прочитаат и научат во СДС.

Македонски