Нападната корисничка во Дом за стари лица во Куманово

3

Корисничка на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ била физички нападната од две други кориснички, а случајот бил пријавен во полиција.

Од СВР Куманово информираат дека настанот бил пријавен вчера во 16:55 часот. Од Ургентниот центар било соопштено дека кај нив со повреди била донесена С.Ц. од Скопје, која престојувала во домот.

Од раководството на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ потврдија дека се запознаени со случајот и дека ќе го почекаат целосниот извештај од полицијата пред да преземат конкретни мерки.

Полицијата работи на расчистување и документирање на настанот.

Македонски