Соживотот во Тетово повторно мета на провокации, Рамазански декор по тетовските улици. Дали се очекува и Велигденски?
Скоро една недела откако започнаа Рамазанските и три дена од стартот на Велигденскиот пост, Општина Тетово уште во старт го нарушува духовниот мир на граѓаните со по којзнае кој пат, дискриминаторскиот пристап овојпат кон верските чувства на тетовчани.
Имено, никогаш во својата градска историја за ниту еден верски празник не се декорирале градските улици, не заради некреативноста или финансиската издржливост ниту пак поради почитта едни кон други туку таква практика Тетово воопшто немала, секој верски празник е празник за себе.
Но оваа година општината решила да ја употреби својата „имагинација“ и го декорира градот во Рамазански „стил“, со полумесечини на бандерите од централното градско подрачје.
Тетовчани збунети од „креативноста“ на општинските власти покрај дилемата за тоа од кога почува да се применува декорирање на градот за верски празници, се прашува дали и кога ќе се декорира и за претстојниот голем христијански празник Велигден.
Оваа година и двата големи пости почнаа небаре во исто време па тетовчани сите свои проблеми и потешкотии ги оставија на страна, се простија помеѓу себе и влегоа во процесот на духовно прочистување кое и едните и другите го дигаат на пиедестал кога се работи за верските и духовни чувства.
Но што е тоа што боли најмногу, ниту еден политичар, ниту една политичка партија која пред три и кусур месеци бараа од граѓаните доверба ниту се јави за збор, ниту даде некаква примедба, а во никој случај ниту праша дали на тетовчани им се допаѓа ваквата идеја, не боли затоа што е политика, факт е дека народот е уморен од политиканство, боли затоа што граѓаните се чувствуваат изневерени по којзнае кој пат.
Нејсе, дали во меѓувреме се „подготвува креативна експресија“ на христијанските духовни чувства изразени во градски декор останува да видиме, ако ништо друго тетовчани очекуваат барем со ист аршин да бидат „почитувани“ од страна на градските власти што е досега „невидено“ ниту „почувствувано“, дали некогаш ќе биде? Ќе, ќе, ќе…
( израз на креативно незадоволство од страна на еден обичен тетовчанец)