Повторени избори за градоначалник во четири општини: Гласањето трае до 19 часот

9

Во општините Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторни избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори, одржан на 19 октомври минатата година, не беше обезбедена законски предвидената излезност од најмалку 33,33 проценти од запишаните гласачи.

Согласно Изборниот законик, за изборот да биде успешен на повтореното гласање, потребно е еден од кандидатите да добие поддршка од повеќе од половина од излезените гласачи.

Гласањето започна во 7:00 часот и ќе трае до 19:00 часот. Граѓаните се идентификуваат со важечка лична карта или пасош, а проверката на идентитетот се врши и преку биометриски уреди на избирачките места.

Во општина Гостивар гласањето се спроведува на 120 избирачки места, а право на глас имаат вкупно 82.870 граѓани. Од нив, 78.185 се постојани жители, додека 4.604 гласачи се евидентирани на посебниот Избирачки список за лица што живеат во странство.

Во Маврово-Ростуше отворени се 40 избирачки места, а на Избирачкиот список се запишани 10.575 гласачи, од кои 9.622 се жители на општината, а 951 лице гласа од странство.

Во Врапчиште, право на глас имаат 27.279 граѓани, кои можат да гласаат на 39 избирачки места. Од нив, 26.318 се постојани жители, а 950 се запишани на посебниот список за гласачи од дијаспората.

Во општина Центар Жупа, на 16 избирачки места може да гласаат 7.562 граѓани, од кои 6.305 се жители на општината, а 1.257 се регистрирани како гласачи што живеат во странство.

Како што е предвидено со изборните правила, вчера гласаа болните и изнемоштени лица, како и лицата кои издржуваат казна затвор.

Македонски