ВМРО-Народна партија предлага укинување на „пржинската влада“ од понаредниот изборен циклус

139

ВМРО-Народна партија соопшти дека внимателно ја следи јавната и политичката дебата околу предлогот за укинување на т.н. „пржинска влада“, при што ја дели оценката дека нејзиното постоење претставува сериозно нарушување на демократскиот амбиент во Република С. Македонија.

Од партијата сметаат дека моделот на преодна влада, воведен како привремено решение во специфичен политички контекст, веќе ја надминал својата првична цел и продолжува да создава институционални и демократски аномалии.

Во таа насока, ВМРО-Народна партија предлага политичките субјекти во Собранието да донесат одлука за укинување на „пржинската влада“, но со одложена примена. Според предлогот, законот не би стапил на сила за претстојните избори, туку би важел од понаредниот изборен циклус, со цел да се избегнат евентуални политички и институционални турбуленции.

Од партијата порачуваат дека ваквиот пристап ќе овозможи стабилност, правна сигурност и постепено враќање кон редовните демократски процедури во изборниот процес.

Македонски