Двојно зголемување на бројот на заболени од грип во првата недела од 2026 година
Во првата недела од 2026 година во земјава се пријавени 1.725 случаи на грип и заболувања слични на грип, што претставува повеќе од двојно зголемување во однос на претходната недела, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Според ИЈЗ, со ова за првпат во актуелната сезона е регистрирана средна активност на грипот на национално ниво. Најголем број заболени се евидентирани во Скопје, Тетово, Куманово и Велес, додека највисока стапка на инциденца е забележана кај децата на возраст од 5 до 14 години.
Лабораториските испитувања укажуваат дека во моментов доминира вирусот Influenza A(H3). Од Институтот посочуваат дека досега не се регистрирани смртни случаи како последица од грип.
Надлежните предупредуваат дека во наредниот период се очекува понатамошен пораст на бројот на заболени и апелираат до граѓаните да ги почитуваат превентивните мерки и навремено да побараат здравствена заштита.
Од почетокот на сезоната 2025/2026, заклучно со првата недела од 2026 година, вкупно се пријавени 3.825 случаи на грип и заболувања слични на грип, што е за 2,8 пати повеќе во споредба со истиот