Американски медиуми: Делта Форс ја извела операцијата за киднапирање на Мадуро, Трамп ја нарече „брилијантна“

12

Американската новинарка на CBS, Џенифер Џејкобс, повикувајќи се на свои извори, објави дека операцијата за киднапирање на венецуелскиот претседател Николас Мадуро ја извеле припадници на Делта Форс – американска единица за специјални мисии.

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утрово соопшти дека Николас Мадуро и неговата сопруга се заробени и дека се изнесени надвор од земјата, по серијата моќни напади извршени во Венецуела.

Во кратко интервју за „Њујорк тајмс“, Трамп ја оцени операцијата како „брилијантна“.

Според „Волстрит џурнал“, потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, е безбедна.

Во меѓувреме, венецуелскиот министер за одбрана Владимир Падрино Лопез, чиј дом наводно бил меѓу нападнатите локации, ѝ се обрати на јавноста, порачувајќи дека нема да преговара ниту да се предаде и дека, како што рече, „на крајот ќе победи“.

Македонски